Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 29.8.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек: зголемување кај бензините за 0,396 %, кај дизелот има намалување 0,764%, кај екстра-лесното масло исто има намалување 1,028 % и кај мазутот намалувањето е 0,027 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,246 %.
Од 5.9.2023 година. од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 87,00 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 89,50 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 81,00 (денар/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,50 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 46,158 (денари/килограм)
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ не се менува, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,094 денари/кг и сега ќе изнесува 46,158 денари/кг.